Насловна / Вести / Загребскиот велесаем домаќин на индустриски титани (ВИДЕО)

Загребскиот велесаем домаќин на индустриски титани (ВИДЕО)

Во текот на четири дена во четири павилјони ќе се претстават најеминентните излагачи од секторот за алатни машини и најзначајните претставници од индустријата за заварување.

Од 9 до 12 април 2024 година, загрепскиот велесаем ќе биде домаќин на најголемото издание на индустриските саеми BIAM и ЗАВАРУВАЊЕ во последните десет години.

Ова го потврдуваат бројките од 11.000 квадратни метри изложбен простор со повеќе од 340 излагачи од Хрватска и 28 земји низ светот, опфаќајќи го секторот за алатни машини и индустријата за заварување.

0011

Нови технологии во Индустрискиот инкубатор

Саемите во Загреб се одржуваат во знак на јубилејот – 30. меѓународен саем за заварување и антикорозивна заштита ЗАВАРУВАЊЕ. Меѓународниот саем на машински алати и алати – BIAM ќе го има своето 27. издание.

Во четири павилјони во тек на четирите саемски дена ќе бидат претставени најновите достигнувања во светот на индустријата, ќе се разменуваат искуства и информации.

Посебна карактеристика на овогодинешното издание на саемите е Индустрискиот инкубатор. Организиран е за прв пат со цел да се создаде единствено место каде што ќе се презентираат новите технологии, претставуваат деловните субјекти и професии, ќе се поврзуваат учесниците, ќе се одржуваат Б 2Б деловни средби, а особено ќе се промовираат факултетите и средните училишта кои образуваат за овој вид на професија.

002

Саемите се придружени со богата стручна програма, а организаторите ги издвојуваат активностите на Хрватската служба за вработување во промоцијата на „Мерки на активна политика за вработување во 2024 година со акцент на зелени – дигитални работни места и вработување на ранливи групи на невработени лица и ваучер програмата за образование“.

За време на саемот, меѓу другото, ќе се одржи 26. Меѓународно советување за заштита на материјали и индустриски финиш „Кормат 2024“, предавање „Зајакнување на производството на адитиви и привлекување инвестиции на ниво на ЕУ – Проектна оптимизација на производството со помош на техники со 3Д печатење“, и презентација „Брз развој на прототип со користење на 3Д технологија – примери за добра пракса“.

Билетите може да се купат онлајн на овој линк.

Испрати коментар

Scroll To Top