Техничкиот музеј „Никола Тесла“ во Загреб, отсега ќе се грее и лади со помош на геотермални топлински пумпи кои користаат топлина од шест буѓотини во земјата. Ова е голем напредок за стариот музеј. Проектот за инсталирање на новиот концепт на греење и ладење е реализиран во склоп на ЕУ проектот “Cheap – ефтини геотермални системи со топлински пумпи„, па загребската топлинска пумпа е само една од шесте предвидени за инсталирање во рамките на проектот. Во исто време и овој систем заедно со другите технолошки новини во музејот ќе бидат дел од водичката тура која на посетителите ќе им ги презентира обновливите извори на енергија. Вакви топлински пумпи во Загреб од јаавните установи имаат и Факултетот за машинство и бродоградба и едно основно училиште, додека нивниот вкупен број во градот е 22.