Насловна / Вести / Загреб ја добива првата велосипедска патека покриена со еколошки асфалт

Загреб ја добива првата велосипедска патека покриена со еколошки асфалт

Градот Загреб на крајот на минатата недела објави дека при изградба на новата велосипедска патека долж јужниот брег на реката Сава, за прв пат во Хрватска е употребена еко-асфалтна покривка на делница од 1,66 километра помеѓу квартот Блато до Савскиот мост.

Станува збор за потег кој е дел од поголемиот проект наречен Greenwayи кој предвидува изградба на велосипедско-пешачка патека по течението на реката Сава, од словенечката граница до Туропоље, во должина од 160 километри, поминувајќи на својот пат низ главниот град на Хрватска.

2

Поиздржлив од конвенционален асфалт

Материјалот што се користи за површината на патеката е опишан како единствен поради неговиот технички профил, што значи дека неговото производство е помалку штетно за животната средина без жртвување на параметрите за квалитет, а за да се привлече вниманието на еколошкиот профил на велосипедската патека, самиот асфалт доаѓа во зелена боја.

Еко-асфалтот е нова верзија на асфалт за изработка на патишта и сообраќајни површини. Истражувањата покажуваат дека има подобри механички и технички својства и е многу поиздржлив од конвенционалниот асфалт. Производството на овој градежен материјал е слично на производството на класичен асфалт, но со битни разлики.

1

Овој еколошки асфалт користи природен битумен, кој се прави од јаглехидрати, протеини, смоли, лигнин, восоци и масти. Набавката на природен битумен е многу поедноставна – производството на асфалтот не зависи од производството на нафта и рафинериите, нема трошоци за битумен во течна состојба и нема влошување на квалитетот на битуменот поради доцнење во производството. Така и неговото производство е попрофитабилно.

Инаку, како што пишува Bauštela.hr, работите на оваа, петта фаза на проектот Greenway официјално се отворени во септември минатата година, кога е најавено дека ќе завршат за три месеци, но Градот Загреб мораше да ги запре поради преклопување на трасата со реконструкција на Јадранскиот мост на која се користи тешка механизација.

3

„Бидејќи петтата фаза од јужната страна поминува под мостот, не беше можно да се изгради тој дел од патеката без да се уништи. На останатите делови од патеката работите се во тек, поставени се столбови за осветлување и изградена е подлогата за завршниот слој за еко-асфалт“, соопштија во февруари од Град Загреб.

Сега, градските татковци на хрватската престолнина со гордост најавуваат дека проектот Greenway повторно е активен, на изненадување на загрепчани кои веќе мислеа дека од овој проект подолго време нема да биде ништо.

По асфалтирањето, следуваат работи на уредување, поставување на клупи и опрема, а и завршни работи на просторот за одмор кај пешачкиот мост, објави минатата недела Град Загреб на социјалните мрежи.

Испрати коментар

Scroll To Top