Следејќи го примерот на светските метрополи, а од неодамна и добрата практика во регионот, Загреб се залага за поодржлив јавен превоз. На пробно користење веќе се доделени на јавното сообраќајно претпријатие (ZET), два хибридни автобуси, од страна на компаниите Volvo и Iveco. Автобусите веќе сообраќаат на редовните линии. Овие автобуси трошат до 40% помалку гориво од класичните и до 50% помалку ја загадуваат околината.
Целта на ова пробно користење е да се испитаат нивните перформанси, но и да се добие мислење од граѓаните како корисници на јавниот превоз. Последново е секако за пофалба, бидејќи самите граѓани имаат можност да влијаат врз креирањето на политиките кон подобар и поеколошки јавен транспорт.