Насловна / Вести / Загадувањето – нужно зло!

Загадувањето – нужно зло!

82dfc02661b1332a460f6a706700d1bd

Квалитетот на воздухот во Европа во последните децении значително се подобри. Па сепак, концентрацијата на штетните гасови и честички сѐ уште е доволно висока за да претставува опасност за здравјето. Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето на Европската агенција за заштита на животната околина (ЕУА) со седиште во Копенхаген. ЕУА испитала околу 14 илјади индустриски постројки и електрани, со цел да ги пресмета трошоците што произлегуваат од загадувањето на воздухот. А тие, според резултатите, за 2012 година изнесуваат најмалку 59 милијарди евра, а најмногу 189 милијарди евра, во зависност од моделот на економските штети. Особено во градовите, каде живее најголем дел од европското население, измерениот процент на штетни состојки како озон, азотен диоксид и ситна прашина многу често ја надминува дозволената граница.

„Половината од трошоците предизвикани од загадувањето ги создава еден процент од индустриските погони. Тоа е застрашувачки“, вели директорот на ЕУА Ханс Брујнинкс. Второто откритие е дека меѓу 30-те најголеми загадувачи на воздухот се наоѓаат 26 термоцентрали – најмногу од Германија, а потоа од Полска, Бугарија и Романија.

Во глобални рамки, а и на ниво на земјите членки на Европската Унија, фосилните горива, особено јагленот, сè уште имаат доминантна улога. Иако повластените тарифи за енергијата произведена од обновливите извори, овозможија интензивен раст во оваа индустрија, сепак ниските цени на светскиот пазар на јаглен во актуелниот период, во комбинација со речиси неактивниот пазар за тргување со јаглеродни сертификати, ја обезбедија  и понатаму доминантната позиција на фосилните горива. Ниските цени на јагленот, пак, наспроти високите цени на гасот, во моментот обезбедуваат поповолна позиција за јагленот, и покрај значително повисоките инвестициони трошоци и подолгиот период потребен за изградба на термоцентрали на јаглен.

„Но и хемиската и челичната индустрија произведуваат големо количество на штетни состојки во воздухот“, вели Арне Фелерман од Европското биро за заштита на околината. Структурата на економијата исто така влијае на квалитетот на воздухот. Економија ориентирана кон услужни дејности е помалку загадувачка во споредба со економија во која во бруто домашниот производ значителен удел имаат производствените дејности, особено доколку се работи за енергетски интензивни индустриски гранки со сериозно негативно влијание врз животната средина. Сепак, здруженијата за заштита на животната средина се надеваат дека студијата на ЕУА ќе предизвика промени во начинот на размислување.

„Но, општеството исто така плаќа и поради загубата на работни денови, поради штетите од слабите жетви, како и поради сѐ поголемата потрошувачка на енергија“, пренесува Deutsche Welle. Поради тоа, мора да се постави прашањето: што ќе се случува со индустријата? Сакаме ли да ги достигнеме енергетските цели или ќе го прифатиме загадувањето како нужно зло? И колку сето тоа ќе нè чини?TERM 1  2 v2c_Page_TL

Каква е состојбата во Македонија и регионот?

Во Извештајот на Европската агенција за заштита на животната околина не се презентирани податоци за земјите што не се членки на Унијата. А состојбата е навистина загрижувачка. Особено во регионот на т.н. Западен Балкан, кој се карактеризира со висока енергетска интензивност.   Македонската економија, пак, се одликува со релативно високо ниво на потрошувачка на енергија и емисии на стакленички гасови по единица БДП (едно од највисоките нивоа во земјите од Централна и Источна Европа). Јагленот предизвикува највисоки трошоци во однос на животната средина, споредено со другите главни фосилни горива, со далекусежни ефекти врз климатските промени и квалитетот на водата и воздухот. Прво, производството на електрична енергија од јаглен генерира двојно повисока емисија на јаглерод диоксид споредено со природниот гас, и дури трипати повисока емисија во споредба со биомасата.

Во продолжение е даден преглед на концентрациите на неколку индикатори преку кои се следи квалитетот на воздухот во Македонија, при што како споредбени вредности се земени и соодветните податоци од земјите на ЕУ27, и Хрватска како земја која е најнова членка на Унијата и истовремено држава од регионот. Со оглед на лошиот квалитет на воздухот во Романија и Бугарија веќе објаснет во наведеното истражување од ЕУА, исклучена е споредбата со некоја од овие земји.

Емисија на CO2 по жител

Главен индикатор за глобалните емисии е јаглеродниот диоксид. Според дефиницијата на Светска банка, емисиите на CO2 потекнуваат главно од согорувањето на фосилните горива, како и од производството на цемент. Како индикатор за квалитетот на воздухот е концентрацијата на јаглерод диоксид, а се интерпретира како tCO2 по жител.

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

ЕУ27

8,2

8,1

8,1

8,0

7,8

7,2

7,3

Македонија

5,4

5,4

5,2

5,4

5,6

5,4

5,2

Хрватска

5,2

5,2

5,2

5,5

5,3

4,9

4,7

Табела 27: Емисија на јаглерод диоксид (tCO2/жител)

Извор: Светска банка

path_513_koregirano

-Емисија на SO2 по жител

Главен индикатор на локалното загадување на воздухот е емисијата на сулфурен диоксид, која е предизвикана од различни извори како на пример согорувањето на јаглен, нафта и биомаса, понатаму од  металургијата и другите индустриски процеси и сл. Индикаторот се изразува како емисија на tSO2 по жител. Во емисијата на SO2 во Македонија доминира секторот за производство на електрична енергија, со оглед на сериозното учество на лигнит со значаен процент на сулфур.

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

ЕУ27

24

19

18

18

14

13

12

12

Македонија

48

48

48

48

54

53

/

/

Хрватска

15

15

13

14

14

15

13

14

Табела 28: Емисија на сулфур диоксид (tSO2/жител)

Извор: Eurostat

Концентрација на цврсти честички (PM10)

Концентрацијата на цврсти честички се однесува на суспендираните честички помали од 10 микрони во дијаметарот, а кои имаат способност да навлезат длабоко во респираторниот тракт со сериозни последици по здравјето. Податоците се однесуваат за урбани подрачја со над 100.000 жители. Вредностите го претставуваат просечното годишно изложување на овие честици на просечен граѓанин во урбана средина.

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

ЕУ27

31,8

31,3

31,4

30,6

29,9

29,0

27,5

26,8

Македонија

94,2

94,7

95,1

96,7

99,6

96,9

91,1

82,3

Хрватска

38,3

36,8

36,8

36,2

36,3

34,3

3,6

29,6

Табела 29: Концентрација на PM10(µg/m3)

Извор: Светска банкa

 Скопје – втор најзагаден главен град во Европа

zagadeniot-vozduh-kje-se-chisti-so-prskanje-185807

Скопје е вториот најзагаден главен град во Европа, се наведува во неодамна објавеното рангирање на магазинот Technologist. Според ова рангирање, Скопје е на врвот веднаш после Сараево, кој води на листата најзагадени градови во Европа со индекс на загадување на воздухот од 117. Скопје има индекс на загадување 80, а веднаш потоа следува Софија со индекс 68, Истанбул 59 и Никозија со индекс на загадување 53. Прв во светот град со најзагаден воздух е Аваз во Иран.

Неодамна Институтот за јавно здравје подготви Студија која покажа дека просечната годишна концентрација на честички од прашина PM10 во Скопје e 64 µg/m3. Пресметките велат дека доколку концентрацијата би се намалила за 5 µg/m3, 13 смртни случаи на годишно ниво би биле избегнати, а со намалување на концентрацијата од 20 µg/m3, дури 117 смртни случаи и 420 заболени би биле избегнати.

Според  последните анализи на Светска банка, 1.350 луѓе годишно во Македонија умираат како резултат на загадувањето на воздухот со ситни честички (PM10). Доколку загадувањето на воздухот се сведе на ниво на граничните вредности на ЕУ, над 800 смртни случаи би биле избегнати. Анализите покажуваат дека загадениот воздух ја чини економијата на земјата 253 милиони евра, односно 3,2% од БДП.

Испрати коментар

Scroll To Top