Покрај тоа што има смртоносно влијание врз физичкото здравје на луѓето, сега се верува дека загадувањето на воздухот е одговорно за длабоко намалување на интелигенцијата, покажува една нова студија.
Хроничната изложеност на честички во воздухот предизвикува значителни падови во резултатите од тестовите за јазикот и аритметиката, со просечни резултати кои го изедначуваат влијанието на отровниот воздух на губење на вредноста на образованието во годината.
Истражувањето било спроведено во Кина, но е релевантно низ целиот свет. Според податоците од Светската здравствена организација над 91 отсто од населението на планетата живее во области со опасен воздух и тоа е четврта највисока причина за смртни случаи во светот.
Во Велика Британија, отровниот воздух се проценува дека зема 50 илјади животи годишно, а оваа година Европската комисија ја даде британската влада на суд за кршење на правилата за квалитет на воздухот на ЕУ.
Кинеската студија, објавена во Зборникот на Националната академија на науките, е работена во текот на четири години и ги анализирала вербалните и аритметичките тестови земени од 20 илјади луѓе од сите возрасти.
Резултатите покажале дека продолжената изложеност на лош воздух предизвикува деградација на сознанието што се влошува со напредокот на возраста.
Загадувањето, исто така, го зголемува ризикот од дегенеративни болести како што се Алцхајмеровата болест и други форми на деменција, сугерира студијата.
“Загадениот воздух може да ја попречи когнитивната способност додека луѓето стареат, особено за помалку образованите мажи”, велат авторите.
Негативните ефекти од загадувањето се чини дека имаат поизразено влијание врз вербалните способности на луѓето, што хипертезата на авторите се должи на загадувањето што има посилен ефект врз делови од мозокот неопходни за вербални тестови.
Според проценката на СЗО комбинираните ефекти од загадувањето на воздухот во околината и во домаќинството предизвикуваат околу седум милиони смртни случаи секоја година, главно како резултат на зголемената смртност од мозочен удар, срцеви заболувања, хронична опструктивна пулмонална болест, рак на белите дробови и акутни респираторни инфекции.
Претходно оваа година една голема студија од истражувачите од Универзитетот Стенфорд и Калифорнискиот универзитет предложила речиси една четвртина од смртните случаи кај децата во субсахарска Африка да бидат спречени со подобрување на квалитетот на воздухот.