Насловна / Вести / Загадувањето ја чини Франција 100 милијарди евра годишно

Загадувањето ја чини Франција 100 милијарди евра годишно

Zagaduvanje vo Francija-Pariz

Загадувањето на воздухот би можело да ја чини Франција 100 милијарди евра годишно пресметани во трошоци за здравство, намалена продуктивност на компаниите, поради отсуствата од работа, и намалување на приносите во земјоделството. Ова се заклучоците на истражната комисија на францускиот Сенат нотирани во извештајот објавен на 15 јули годинава. Во него се укажува дека атмосферското загадување не влијае само на здравјето, туку претставува и голем економски трошок. Исто така, се истакнува дека вкупните трошоци во голема мера се потценети, односно дека Франција доцни и нема истражувања по овие прашања. Здравствените ефекти на некои загадувачи не се доволно истражени, особено т.н „коктел ефект“, односно присуство на повеќе загадувачи истовремено. Комисијата предлага 61 мерка за ублажување на состојбите, но сепак тие не ги опфаќаат сите загадувачи.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top