Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од јануари 2015 година ќе почне да ги прска скопските улици со еколошки препарат калциум магнезиум ацетат (ЦМА), против издувните гасови од возилата.
Препаратот ќе се нанесува од камион, поради што ќе се адаптираат цистерните на претпријатието за влажно миење на улиците. Град Скопје распиша повик за набавки кој ќе трае до 2 декември, а проценетата вредност е 11,5 милиони денари.
Препаратот ЦМА се употребува како замена за улична сол. Со нанесување на коловозите ги лепи опасните честички на асфалтот и оневозможува прашината да циркулира во воздухот и да го загадува. Може да се користи и во зимски и во летни услови.
Направил некој проценка какво влијание кје има препаратот со загадените честички врз водните тела или се префрлува загадувањето од воздушен во воден медиум?