Заедничка изложба на француски импресионисти и германски експресионисти насловена Impressionism – Expressionism: Art at a Turning Point е отворена во Старата национална галерија во Берлин, што според зборовите на организаторите претставува светска премиера од ваков вид на изложба, која има за цел да укаже на сличностите на овие два сликарски правци.
На изложбата се изложени вкупно 160 слики чии теми се градови, периферии, минувачи, одмор, уметници и села.
Двете сликарски движења се тесно поврзани со два града, Париз, како главна тема на импресионизмот и сликарите како што се Моне, Дега и Реноар, и Берлин како главна тема на експресионистички сликари, како што се Кирхнер, Нолде и Пехштајн.
Изложбата е отворена до 20 септември.