Моделот за финансирање на кредитите на Хрватските автопатишта е еден од итните проблеми кои го чекаат новиот премиер, порача министерот за финансии во заминување Борис Лаловац. Вкупното кредитно задолжување на Хрватските автопатишта и Автопат Риека-Загреб во овој момент изнесува 4,2 милијарди евра. Се работи замо за главницата на кредитот, без каматите. Од тоа 3,3 милијарди евра изнесува кредитното задолжување на ХАЦ, а преостанатите милијарда евра е кредитен долг на АРЗ. Само оваа година ХАЦ мора да врати 575 милиони евра, а АРЗ 90 милиони евра.