Насловна / Арт и дизајн / Зад овој симбол на Бразил стои приказна вредна како олимписки медал

Зад овој симбол на Бразил стои приказна вредна како олимписки медал

Hristos Brazil Rio

Статуата на Христос Спасителот, симболот на Рио де Жанеиро, градот домаќин на овогодишните ЛОИ, се издига на 700 метри над плажата на планината Корковадо и крие приказна која вреди како олимписки медал.

Hristos Brazil gradenje proces

Инспирирана од јакнењето на христијанството во Бразил, кој на крајот на 19 век станува република, статуата висока дури 38 метри е дизајнирана, проектирана и изградена од страна на голем тим инженери, архитекти и скулптори.

_55996297_statue_1931.jpg

Идејата за изградба на ваков споменик датира уште од далечната 1850 година, кога еден локален свештеник предложил поставување на христијанско обележје на Корковадо, и за тоа побарал средства од бразилската принцеза Изабела, која не била оптимист по прашањето на предлогот. Во времето кога Бразил станува република, односно во 1889 година, идејата била потполно занемарена.

Hristos brazil izgradba1

Проектот воскреснува по Првата светска војна, кога група Бразилци вклучувајќи ја и Римокатоличката надбискупија во Рио, во страв поради недостатокот на вера меѓу народот, настојува да изгради симбол на христијанството. Планината Корковадо е избрана како локација првенствено поради својата височина и можноста споменикот да се гледа од секој дел на градот.

Hristos brazil otvoranje

На конкурсот за дизајн објавен во 1922 година, победил бразилскиот архитект Еитор да Силва Коста (Heitor da Silva Costa). Но, иако истата година бил подигнат камен-темелникот, наскоро се појавиле првите проблеми во изведбата. Со цел да реши некои свои дилеми, Силва Коста оди во Европа во 1924 година, каде што добил извонредна стручна помош од францускиот инженер Алберт Како, стручњак за армиран бетон, но исто така, се консултирал и со многу вајари и архитекти мајстори на својот занает.

Статуата е отворена за посетители на 12 октомври 1931 година, а импозантната височина од 38 метри ја вклучува и височината на постолјето од осум метри. Цената за изградба на споменикот е еквивалентна на денешни 3,4 милиони американски долари. Се вбројува меѓу новите седум светски чуда.

 

 

 

 

 

2 коментари

  1. “Се вбројува меѓу седумте светски чуда.” – Колку што знам – не е едно од 7те светски чуда!

Испрати коментар

Scroll To Top