WWF Adria по повод Светскиот ден на мочуриштата го насочува вниманието кон важноста на зачувувањето и обновата на мочуриштата и другите влажни места како што се реките и езерата кои се исклучително важни живеалишта за природата и луѓето.
По повод Светскиот ден на мочуриштата, кој оваа година е во фокусот за зачувувањето на биолошката разновидност, Светската организација за зачувување на природата на WWF Adria го привлекува вниманието на нивната исклучителна важност за многу видови на растенија и животни, како и за луѓето. Придобивките од мочуриштата се многубројни – мочуришната вегетација придонесува за подобар квалитет на водата и делува како филтер за да се намали влијанието на различните извори на загадување, тресетиштата го потхрануваат 30 отсто од копнениот CO2, ги ублажуваат ефектите од климатските промени, додека мочуришните екосистеми се многу пати поголеми од на пример шумите.
И покрај сето ова, мочуриштата и другите влажни живеалишта исчезнуваат три пати побрзо од дождовните шуми. Дури 35 отсто од нив исчезнаа од 1970 година, додека во истиот период исчезнале 81 отсто од популацијата на видовите на кои мочуриштата им се дом. Се проценува дека пред изумирање се 25 отсто од мочуришните врсти. Главните причини за исчезнување на мочуриштата се исушување заради одводнување предизвикано од земјоделство или градежништво, загадување, искористување на нивните ресурси и климатските промени.
“Мочуриштата и другите водни места на островите кои претставуваат оаза на биолошката разновидност се особено загрозени. Живеалиштата на мочуриштата некогаш биле клучни за опстанокот на населението затоа што тие биле единствениот извор на свежа вода за луѓето, земјоделството и добиточната храна“, вели Ирма Поповиќ Дујмовиќ од WWF Адрија.
Од клучно значење е локалното население, а пред сè претставниците на властите, да ги препознаат нивните придобивки и потенцијали, како што е развој на агротуризам или образовни објекти, и да ги конзервираат и обноват водните мочуришта.
“Ние конечно мора да се оддалечиме од претпоставката дека мочуриштата се извор на зараза и болести и да се прифати фактот дека природата и луѓето имаат корист од зачуваните мочуришта и другите влажни живеалишта. Зачувувањето, реставрацијата и одговорното користење на водните потенцијали се клучот за зачувување на биолошката разновидност“, заклучува Поповиќ Дујмовиќ.