Инспириран од вродена потреба за заштита и безбедност, комплексот „Cocoon“ ќе биде составен од необични згради во форма на гнездо, кои ќе бидат изградени во Тулум, Мексико.
Овој проект, потпишан од познатата архитектонска фирма „DNA Barcelona Architects“, е целосно иновативен во однос на естетиката и технологијата.
Полукружните згради, опкружени со висока фасада, создаваат простор каде луѓето се чувствуваат безбедни и слободни да уживаат или да се дружат со другите станари.
Комплексот од над 46 илјади метри квадратни ќе вклучува три станбени згради и две хотелски згради, со 204 станови и 167 соби, како и 16 приватни вили.
Концептот е роден со идеја да им обезбеди на гостите луксузно и удобно засолниште, идеално место за бегство од секојдневниот живот.
Луксузните капацитети се дизајнирани и позиционирани за да обезбедат непречен поглед на природата, како и на изолираната и мирна околина без оглед на близина на објектите.
Секое „гнездо“ функционира како независна единица, во центарот на која е зона за заеднички активности со голем базен како централен елемент.
Во рамките на секој објект ќе има базени, детски игротеки, конференциски сали, ресторан, бар и зони под автохтоните растенија кои ќе го збогатат целиот простор.