Насловна / Вести / Зачудувачка органска фарма на покрив

Зачудувачка органска фарма на покрив

Во рамките на кампусот „Rangsit“ на универзитетот Тамасат во Тајланд, реализиран е проект за употреба на просторот за покривот и негово претворање во корисна област. Планот на компанијата Landprocess, која осмислила како да изгледа сето ова, опфаќа органска фарма на покривот на зградата, која ќе функционира според принципот на одржливи техники за одгледување. Инсталирани се и системи за собирање дождовница, како и соларни панели.

farma

Проектот „Фарма на покривот на универзитетот Тамасат“ или ТУРФ стана најголемата органска фарма лоцирана на покрив во Азија и опфаќа дури 22 илјади метри квадратни. Потсетува на традиционалните оризови полиња на Тајланд. Сепак, покрај оризот, тој вклучува и друг зеленчук, билки и овошје, кои беа избрани во согласност со условите на локацијата, така што содржи над 40 јадливи видови, кои ќе се одгледуваат тука. Годишниот принос треба да биде до 80 илјади оброци на органска храна.

farma1

Од преостаната храна ќе биде направен компост, кој ќе се користи за одгледување на земјоделски култури за следната сезона. Сончевите панели ќе ги напојуваат фармата и зградата на универзитетот, додека собраната дождовница ќе се користи по потреба за наводнување. Каскадниот покрив може да го забави протокот на дожд и до 20 пати поефикасно од класичниот бетонски покрив. Додека дождовницата се слева по падината, секое ниво го собира истекувањето од претходното, формирајќи уникатни делови од микро-басени по должината на терасите кои помагаат во апсорпцијата, филтрирањето и прочистувањето на дождовницата, покрај тоа што им помага на растенијата. На крајот, има четири езерца со капацитет на задржување до 11.718,007 литри вода, објаснуваат од компанијата одговорна за проектот.

farma2

На покривот има и простори за дружење, на кои посетителите можат да пристапат и да уживаат во поглед на 360 степени. Тука има и голем амфитеатар како едукативен простор, бидејќи ТУРФ е организатор на многу работилници за техники за одржливо одгледување. Проектот имаше отворање минатата година, но целосно е завршен неодамна.

farma3

farma4

Испрати коментар

Scroll To Top