На љубителите на свежи, домашни проиводи ќе им се допадне идејата да имаат вертикална градина во кујната.
Проектантското студио Sabo од Бруклин, ја осмисли кујната со минимална вертикална градина во која растат свежи ароматични билки. Благодарение на директното изложување на сонце потпомогнато со специјално вештачко осветление, обезбедени се услови за раст и напредок на билките.
Белата кујна е во контраст со модерните линии на гумениот под, изведен од 25 ленти во различни бои.
Работната плоча на кујнските елементи е изведена од челик.