Насловна / Екологија / Забрана за возилата постари од 15 години во Њу Делхи

Забрана за возилата постари од 15 години во Њу Делхи

 delhi-cars-traffic
Судот ја забрани употребата на сите возила постари од 15 години на улиците на Њу Делхи, во обид да се намали загаденоста на воздухот која во овој град е една од највисоките во светот. Пресудата ќе ги погоди споствениците на околу една третина од вкупно 8,4 милиони мотори, автомобили, камиони и рикши на моторен погон. Бројни градови ширум светот веќе воведоа слични забрани со цел подобрување на квалитетот на воздухот. Париз во март оваа година ги воведе најдрастичните ограничувања во сообраќајот во последните 20 години, а се подготвува и забрана за дизел возилата до 2020-та.

„Неспорно е дека загадувањето на воздухот во Њу Делхи се зголемува од ден на ден, а емисијата на штетни гасови од автомобилите учествува со околу 75% во вкупното загадување на воздухот во градот“, се наведува во пресудата на Националниот зелен трибунал.Pollution

Испрати коментар

Scroll To Top