Насловна / Вести / Забрана за работа на Југохром за дополнителни 90 дена

Забрана за работа на Југохром за дополнителни 90 дена

Министерството за животна средина и просторно планирање, односно Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.jugohorm jegunovce
Одлуката е донесена по извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина при што се констатираше дека комбинатот Југохром не ги исполнил активностите предвидени во Оперативниот план, меѓу кои се предвидува и поставување на системот за отпрашување.

Испрати коментар

Scroll To Top