Насловна / Архитектура / Заборавениот градител во обновата на Скопје – Мирослав Крстоношиќ, авторот на монтажниот Македонски народен театар

Заборавениот градител во обновата на Скопје – Мирослав Крстоношиќ, авторот на монтажниот Македонски народен театар

Пред земјотресот во Скопје од 1963 година левиот брег на реката Вардар го красела зградата на Народниот театар изградена во периодот по Првата светска војна во времето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.  Оваа зграда била тешко оштетена од поплавата во Скопје во 1962 година и во летото 1963 година била предмет на обемни адаптации и поправки за коишто биле потрошени 60.000.000 динари (тогаш околу 85.714 долари, односно денес околу 880.039 долари).

Објектот бил тешко оштетен од земјотресот, и штетите на градежниот дел на објектот и на опремата биле проценети на 500.000.000 денари (тогаш околу 714.286 долари, односно денес околу 7.333.686 долари).  Десетина дена по земјотресот во близина на објектот била изградена монтажна барака во која биле складирана сета извлечна и спасена опрема од оштетениот објект, а Народниот театар времено бил сместен во камп во Сарај, за во ноември 1963 година заедно со Филхармонијата да бидат сместени во санираната, доградената и адаптираната зграда на Балетската школа во Скопје, од каде ансамблите се подготвувале за предстојната турнеја низ Југославија.

ПРОЕКТОТ Е ДОНАЦИЈА НА СРПСКОТО НАРОДНО ПОЗОРИШТЕ НОВИ САД

Долгорочната опредлба била да се изгради нов драмски театар и посебна зграда на операта и балетот.  По одлуката на ниво на градот да се сруши постојната зграда на Народниот театар биле обезбедени средства за изградба на монтажен театар со капацитет од 374 седишта и придружни простории лоциран на тогашниот булевар „ЈНА“ (денес „Свети Климент Охридски“) спроти печатницата „Нова Македонија“.  Оргинално, монтажниот театар требал да биде изграден до март 1964 година, за потоа рокот да се помести до крајот на јуни 1964 година заради работите врзани со расчистување на локацијата, за на крај да биде завршен кон крајот на 1964 година, а сцената свечено да биде отворена во почетокот на 1965 година.

Како проектанат на објектот на монтажниот татар во Скопје се наведува архитектот Мирослав Крстоношиќ од Нови Сад, што е веројатно поврзано со пленарната седница на Заедницата на професионални театри на Југославија одржна кон крајот на јули 1963 година кога Српското народно позориште од Нови Сад понудило да изработи проект за монтажен објект.  Од тука расположивите податоци укажуваат дека проектот на овој објект е донација на Српското народно позориште од Нови Сад, а за тоа кој го градел и дали и со чии дополнителни донации останува нешто што допрва треба да се утврди.  Во разговори со вработени во Театарот „Комедија“, лоциран во поранешниот монтажен објект на Македонскиот Народен Театар, новиот Македонски Народен Театар, архитекти и новинари, вообичанео се споменува дека објектот бил Британска или Шведска донација, но досега не е дојдено до пишани извори од коишто може да се поткрепи било кое од овие две видувања.

АРХИТЕКТ МИРОСЛАВ КРСТОНОШИЌ

Претстојната 61-та годишница на земјотресот во Скопје од 26 јули 1963 година и 60-та годишница од примопредавањето на монтажниот објект на Македонскиот народен театар се добар повод да се претстави авторот на овој објект архитектот Мирослав Крстоношиќ.  Истражувањето за неговиот живот и дело укажуваат не исклучителна личност во секој поглед и истаканат архитект со долг и богат творечки опус.  Тој е роден во 1932 година во Нови Сад, каде и матурирал во последната генерација на Машката гимназија, за да го продложи своето образивание на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Љубљана во класата на професорот Едо Михевц, на отсекот за внатрешна и индустриска архитектура каде дипломирал во 1955 година.  По студиите, прво како стипендист работи во ателјето на проф. Д-р Ханс Рајхов во Хамбург, Германија, за потоа да продолжи како стипендист на ОЕЦД со специјализација во доменот на ентериер  за туризам, угостителство и трговија во повеќе европски земји и Соединетите Американски Држави.

Крстоношиќ во периодот од 1960 до 1972 година работи како проектант во Изложебениот и конгресен центар во Љубљана, Градежната организација „Неимар“ во Нови Сад и во Заводот за проекирање на Војводина, за од 1972 до 1988 година да работи како проектант и директор на проектансткото претптијатие „План“ во Нови Сад, а од 1990 година да го води сопственото проектанско биро „План“ во Прага.  Во 21. век се јавува како соптевник на Атеље Крстоношиќ во Нови Сад.  Вонредно, тој предавал на Средно техничката, Вишата техничка, и Школата за применета уметност, сите во Нови Сад.

Архитектот Крстоношиќ е јавува како автор на проекти на јавни згради, хотели, театри, цркви, сали, типски проекти на самопослуги и бензиски пумпи, колективни и индивидуални станбени објекти, енетериери, адаптации, реконструкции, споменици и споменични комплекси, како и со театарска сценографија и  индустриски дизајн.  Покрај проектирањето тој се занимавал и со есеистичка и публицистичка дејност во дневниот и стручниот печат вклучително со Борба и Архитектура урбанизам.  Членувал во Здружението на ликовните уметности во применетите уметности и дизјанот во Нови Сад, и Друштвото на архитектите на Нови Сад.  Тој е носител на повеќе јавни признанија и награди за архитектура вклучително Наградата за архитектура „Ѓорѓе Табаковиќ“ на Друштвото на архитектите на Нови Сад за 1996 година, која е највисоката награда за архитектура на ова Друштво, а тој е третиот по ред лауреат.

СОРАБОТНИК НА ЕДО МИХОВЕЦ НА ПРОЕКТОТ ЗА ХОТЕЛОТ „ПАЛАС“ ВО ОХРИД

Проектот на монтажнниот објект на Народниот театар во Скопје не било неговото прво делување на територијата на денешна Северна Македонија.  Тој во 1954 година како студент се јавува како соработник на својот професор Едо Михевц при изработката на проектот на Хотелот „Палас“ во Охрид, за по две години во 1956 година повторно да соработува со него на надзорот на изведбата на внатрешното уредување на  истиот хотел.

Монтажниот објект на Народниот театар во Скопје бил испороектиран во 1963 година и се истакнува преку рационалноста на формата и архитектонска опшивка на објектот со челична носива конструкција, која намерно е потенцирана во надворешното обликување во комбинација со примена на природни материјали во внатрешното обликување, не само за да се подобри внатрешниот визуелен амбиент во објектот, туку и акустиката во истиот. Дополнително, во рамките на проектот било вклучено и иновативно решение во однос на плафонот кој можел да се премонтира во различни конфигурации во зависност од потребите.

ХОТЕЛ „ОМОРИКА“ НА ТАРА

Од неговиот богат творечки опус надвор од границите на Северна Македонија, особено се истакнува проектот на Хотелот „Оморика“ на планинаната Тара на којшто работел во периодот од 1975 до 1977 година како вработен во проектантското претпијатие „План“ во Нови Сад.  Овој објект бил проектиран за три, а изграден е за 16 месеци за потребите на тогашната ЈНА.  Целиот објект е замислен и изграден со кровни косини коишто ја формираат фасадата на објектот и тоа во двата подолжни крака, меѓусебно поврзани преку централен дел со голем камин околу кој можат да се собираат гостите и посетителите на истиот.  Објектот со изградена површина од 20.000 квадратни метри и со капацитет од 450 легла, бил инспириран од локалната народната архитектура на планинскиот дел на ужичкиот крај.  Објектот е добитник на републичката Борбина награда за архитектура во 1978 година.

ХОТЕЛОТ „ПАРК 2“ ВО НОВИ САД

Нешто подоцна тој го проектира и својот најрепрезантативен угостителски објект, Хотелот „Парк 2“ во урбаното ткиво на Нови Сад.  Архитектонскиот концепт на објектот е базиран на застаклена коцка на постамент надоврзан на постојниот објект на Хотеот „Парк“ од архитектите Милена и Сибина Ѓорѓевиќ од 1959-1960 година, и збогатен преку примената на индустриска метода на градба.

Така при изградбата на хотелот биле користени, се смета по прв пат во Југославија, тешки (17 тони) меѓукатни армирано бетонски плочи коишто биле искачувани на височина од 50 метри.  Во рамките на носивата армирано-бетонска конструкција биле вградувани монтажни бетонски бањи и други позиции. Во надворешното обликување на објектот доминира стаклената ѕид завеса и се смета за последниот објект во неговото творештво инспириран од идеите на архитектот Мис ван дер Рое, коишто се повеќе од очигленди и во монтажниот објект на Народниот театар во Скопје.  Хотелот „Парк 2“ бил добитник на Југословенската награда за примена на стакло во архитектурата во 1980 година кога бил и отворен.

СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ „СРЕМСКИ ФРОНТ“

Во рамките на споменичките објекти и комплекси, тој ќе биде запаметен според последениот изграден во рамките на СФРЈ, Спомен обележјето на „Сремскиот фронт“ (1984-1987) во Адашевци во околината на Шид.  Овој комплекс кој опфаќа површина од 23 хектари е дело на архитектот Мирослав Крстоншиќ, пејсажниот архитект проф. д-р Милан Сапунџиќ и академскиот вајар Јован Солдатовиќ.  Во рамките на комплексот архитектон Крстоношиќ го испроектирал и Музејот на Сремскиот фронт (1986) со својата карактеристична кружна форма на ротонда.

Истакнатиот и богатиот опус на Крстоношиќ во рамките на архитектурата веројатно може да се смета дека е во постојан натпревар за примат со неговите достигнувања во доменот на спортот, а коишто ги вклучуваат првак на Југославија во брзо лизгање на 1500 и 10.000 метри, во веслање, рекордер на Војводина по бројот на одиграни утакмици за хокејашката репрезентација на Југославија, прво лице од Војводина коешто на Планица извело скијачки скок, учесник на релито Монте Карло, итн.

Во пресрет на 61-та годишница на земјотресот во Скопје и 60-ет годишницата од отворањето, ова е можност и за запознавање со, и за благодарност на архитектот Мирослав Крстоношиќ кој преку монтажниот објект на Македонскиот народен театар му го даде на Скопје еден од првите новоизградени јавни објекти по земјотресот од 26 јули 1963 година и го подржа одржувањето и разојот на културно-уметничкиот живот на градот и републиката.

Утврдувањето на авторот на монтажниот објект на Македонскиот народен театар е резултат на истражување кое не ќе дојдеше до посакуванот резултат без исклучителната помош на д-р Ивана Јарчевска од Театарски музеј на МНТ.  Благодарејќи на неа беа утврдени публикациите „Македонски Народен Театар Летопис 1945-1995“, Скопје, 1995 од Ристо Стефановски и Славољуб Маринковиќ, и „Театарот во Македонија – Нова естетика“, Скопје, 2003 од Ристо Стефановски од кои беше утврден авторот на објектот и збогатен текстот со клучни информации.

За жал обидите да се добијат подтелани информации за авторот и проектот од Српското Народно Позориште во Нови Сад, Друштвото на архитектите на Нови Сад, и Aтељето „Крстоншиќ“ од Нови Сад досега не вродија со плод.

Испрати коментар

Scroll To Top