Откако стоеше празна и запоставена во последните две децении, оваа зграда на Марсел Броер во Конектикат наскоро ќе добие нов животот, бидејќи се планира да се пренамени во хотел.
Броер ја проектирал во 1968. година како седиште на компанија за гуми. Продадена е кон крајот на 80-тите години и отогаш доживува турбулентен период, зградата е оставена без надзор, а во 2003 година компанијата ИКЕА срушила еден дел за да на си направи паркинг за купувачите. Во последните 15 години, користена е и како простор за рекламирање, на неа се поставувани реклами и ознаки на компанијата ИКЕА.
Се чини дека наскоро нејзината судбина ќе се промени на подобро со новиот сопственик, локалниот инвеститор Брук Бекер, кој најавил планови за нејзина адаптација и пренамена во хотел и конференциска сала, а се планира објектот да биде енергетски ефикасен и да не користи електрична енергија. Поклониците на модернизмот можат да се радуваат, бидејќи локалните извештаи сугерираат дека фасадата ќе биде обновена, а внатрешноста преуредена за да се овозможат 168 хотелски соби.