Сместена во населбата Петроварадин во Нови Сад, Арт студиото НЕМАН е столарска работилница во таванскиот дел на станбена зграда, кој бил планиран да се затвори и да не се користи.
Меѓутоа, потенцијалот на просторот го открил раководителот на градилиштето кој укажал дека кровните прозорци додаваат квалитет на просторот и дека треба да се користи за некои деловни цели.
Таванскиот простор ја променил својата намена и денес претставува креативно катче каде сопственикот го поминува своето работно време во реставрација на мебел.
„Нова форма, нов живот, нова уметност“
Бирото од Нови Сад, Модена арт студио, дошло до идеја да задржи 80 отсто од обработените површини во нивната изворна состојба и со детали да се оплемени просторот за да биде функционален.
Просторот е прилагоден за да може да има и станбена намена. Така, речиси напуштен простор добил „нова форма, нов живот, нова уметност“, посочуваат архитектите.
При реконструкцијата користена е керамика и санитарна опрема од Италија, што го направиле просторот поатрактивен со вклопување во постоечката матрица.
Стаклените портали овозможиле поделба на просторот, но во исто време пропуштање светлина и визуелна комуникација.
Во просторот е користено осветлување кое дава пригушена атмосфера, но истовремено овозможува непречена работа на реставрација на мебелот. Карактеристичен детал е завесата која го разделува дегажманот од тоалетот и делот за пресоблекување.
Сè заедно, резултатот е простор кој плени со својата оригиналност, но со почит кон минатото пронајдено во таванскиот простор во Петроварадин.