Креирани од шведската дизајнерска компанија Adolfsson & Partners, канцелариите на светски познатата игра Candy Crush со локација во Стокхолм, претставуваат креативно, забавно и инспиративно место за работа. Просториите се поделени во тематски зони поставени околу различни пејзажи каде се инкорпорирани ликови и дизајни од King games.
Во канцелариските простории доминира колоритноста проследена со доза на хумор и интелигентни решенија, односно ентериерот е дирекна рефлексија на играта што ја создаваат.
На самиот влез е поставено бирото за рецепција коештo е бело и има јајцевидна форма. Најголемиот простор, кој се нарекува Pavilion Park, е дизајниран како просторија за забава. Останатиот простор се приватни канцеларии, простории за состаноци и места за релаксација.
Работните зони меѓусебно се одвоени со платна во форма на дрвја, бранови или некој друг инспиративен пејзаж, во зависност од делот каде се наоѓаат. Ова овозможува да се создаде подобра звучна изолација.
Во склоп на канцелариите се наоѓа библиотека и различни направи за играње на вработените за време на нивната пауза. Со ваквиот дизајн се создава простор во кој вработените работејќи може да се инспирираат од околината и дизајнот што ги опкружува.