Насловна / Вести / За зголемно загадување бугарските градоначалници ќе плаќаат казни

За зголемно загадување бугарските градоначалници ќе плаќаат казни

Бугарија воведува строги казни за градоначалниците кои нема да се справат со загадувањето на воздухот.

Во Законот за чист воздух е додена и мерката која гласи: Доколку во некоја општина анализите покажат дека воздухот е загаден повеќе од дозволеното градоначалникот ќе добие парична казна од 2.500 до пет илјади евра.

bugarija zagaduvanje

Градоначалниците имаат рок од една година да го намалат загадувањето. Тие до 31 март ќе треба да дадат известување за нивната работа, а доколку има прекршоци во поглед на загадениот воздух тогаш казната ќе ја изрече директорот на локалната еко инспекција.

Регионалниот инспекторат за животна средина и вода ќе оцени до 30 април дали е тоа завршено. Доколку се утврди дека не е намалено загадувањето тогаш ќе се наметне казната, а ако се повтори уште еднаш казната ќе се дуплира.

Освен за градоначалниците, казни ќе има и за домаќинствата кои со несоодветен материјал за греење ќе допринесат во зголемување на штетните материи во воздухот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top