Секој човек треба да засади барем едно дрво во својот живот, така вели древното верување, но за повеќето дрвја треба да почекаме од 20 до 30 години за да пораснат до нивната целосна големина.
Кој уредува дворот знае – сакаме што побрзо да ни пораснат дрвјата, па затоа предлагаме брзорастечки видови во кои можеме да уживаме.
Индиски јоргован
Индискиот јоргован (Lagerstroemia) расте како мало листопадно дрво или како голема грмушка, неговата максимална висина е четири метри, а ширината 2-2,5 метри. Добро го поднесува кроењето и сака сончеви места. Цвета со големи цветови циклама боја, а во есен растението полека ја менува бојата на листовите – од зелена во жолта, портокалова и црвена.
Јапонска цреша
Јапонската цреша (Prunus Serrulata) расте до височина од четири метри, крошната е многу богата и се шири до 2-3 метри. Цвета спектакуларно, веќе во април, пред да излезат лисјата. Цветот е со розова боја и полн со ливчиња, исклучително декоративен. Дури и во есен, оваа цреша е многу привлечна, нудејќи ги во крошната сите нијанси на зелена, жолта и портокалова. Сака сончеви места, може да се кастри.
Црвен јавор
Црвениот јавор (Acer rurum) расте до височина од 10 до 15 метри, но може да остане помал ако се кастри. Крошната се развива до широчина од 5-7 метри, кај помладо дрво има пирамидална, а подоцна кружна форма. Карактеристичниот црвен лист е најпривлечен, а на дрвото му одговара да биде засадено на сончевата страна на градината.
Лалино дрво
Лалиното дрво или дрвото лале (Liriodendron Tulipifera) го добило своето име затоа што обликот на листот наликува на стилизиран цртеж на лале. Расте до висина од 10 до 15 метри и ширина од околу три метри, а бојата на листовите исклучително декоративно се менува наесен – дрвото ги има сите нијанси на жолта, портокалова и зелена истовремено. Цветот е голем, со убава форма и привлечна жолта боја. Сака сончеви места и толерира кастрење.
Дрво Јуда
Јудино дрво (Cercis Canadensis) расте во висина до три метри, а 1,5 метар во ширина и се карактеризира со интересен виолетов цвет кој се појавува дури и на површината на кората и тоа пред лисјата. Сака посува почва, но наводнувањето е задолжително во случај на суша. Толерира кроење и сака сончево место.