Пуштен е во употреба нов сквер на платото пред Општина Центар во Скопје. Станува збор за конструкција со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди која е донација од Стопанска банка АД – Скопје. Просторната инсталација е проект на архитектонското студио БМА.
„Ова ново катче е место за мала пауза на минувачите или збирно место за седенки и маалски дружби. Ноќе ќе биде осветлен со што видно ќе го разубавува просторот и околината. Се надевам дека граѓаните и младите ќе го чуваат, со цел да го имаме и користиме сите ние подолго време“, велат од општината.