Глобалните емисии на метан растат забрзано поради човековите активности, па според Глобалниот буџет за метан за 2024 година (Global Methane Budget 2024) тие бележат раст за 20% во изминатите две децении, додека рекордни нивоа се забележани во последните три години. Метанот е еден од гасовите кои имаат ефект на стаклена градина. Буџетот го подготвиле меѓународни истражувачки партнери, вкучувајќи ги CSIRO, националната научна агенција на Австралија, како дел од Глобалниот проект за јаглерод. Тој покрива 17 природни и антропогени (предизвикани од човекот) извори и покажува дека метанот бележи раст од 61 метрички тони годишно.
Извештајот покажал дека земјоделството придонесува за 40% од глобалните емисии на метан од човековите активности, на второ место се фосилните горива (34%), цврстиот отпад и отпадните води (19%) и согорувањето на бомаса и биогорива (7%). Петте најголеми емитери на антропоген метан во 2020 година биле Кина (16%), Индија (9%), САД (7%), Бразил (6%) и Русија (5%). Намалување на антропогените емисии на метан оствариле ЕУ и Австралија, но на глобално ниво емисиите на метан мора да се намалат за 30% до 2030 година. За патот кон нулта емисии, во согласност со Парискиот договор, кој ги стабилизира глобалниот раст на температурите под 2°C во однос на прединдустриското ниво, антропогените емисии на метан мора да опаднат за 45% до 2050 година во однос на нивото од 2019 година. Глобалниот буџет за метан за 2024 година е четврт таков буџет објавен во часописот Earth System Science Data.