Американскиот милијардер и иноватор Илон Маск, соопшти дека речиси е завршен тест-тунелот под Лос Анџелес, во кој ќе се тестира новиот електричен транспортен систем. Маск истакнува дека за неколку месеци јавноста ќе има можност за бесплатно возење со новиот систем. На својот Инстаграм профил тој објави и слики од тунелот.
Претходно Маск објасни дека системот ќе работи со лифтови и дека со нив ќе се спуштаат возилата на платформи наречени “скејтови“. Исто така, замислено е системот да има неколку нивоа, со цел во градот да се намалат катастрофалните сообраќајни гужви.
На Твитер, Маск ја подели со јавноста својата визија за тунелот долг 27 километри, кој би се простирал од аеродромот во Лос Анџелес до автопатот 101 во долината Сан Фернандо, познат по застоите во сообраќајот поради гужвите.