Насловна / Архитектура / За ремек-делата на Стојан Максимовиќ на 31. мај во Сава Центар

За ремек-делата на Стојан Максимовиќ на 31. мај во Сава Центар

Семинарот „Архитекти/Проектанти/Практичари“, најавен како дел од програмата на 19. Белградска интернационална недела на архитектура – ​​БИНА, ќе се одржи во петок, на 31 мај, од 10 до 16 часот, во Сава Центар.

Традиционален сегмент на оваа манифестација, семинарот БИНА е серија предавања за професионалци, со цел размена на идеи и информации од областа на проектирањето и употребата на нови и иновативни материјали и производи.

Овогодинешниот семинар е посветен на авторот на објектот Сава Центар, прославениот архитект Стојан Максимовиќ (1934–2024), во духот на темата во фокусот на деветнаесеттото издание на БИНА „Одеци на модернизмот“.

Архитект со богато меѓународно искуство

Запаметен по реченицата „Сава Центар се изгради да трае вечно“, Стојан Максимовиќ беше исклучително талентирана и креативна личност, архитект кој творел во земјата и во странство.

Работел во Урбанистичкиот институт на Град Белград (1960-1970). Потоа преминува во Заводот за изградба на град Белград (1970-1982), продолжува кариерата да ја развива надвор од границите на Југославија. Прво во бирото SM Archicentre Office во Кувајт (1982-1986), Leonhard Moll Co во Минхен (1986-1987), TAC The Architects Collaborative во Масачусетс (1987-1991), потоа основа сопствено биро Stojan Maksimovic Architect во Нахант – Масачусетс (САД).

Сава Центар

Сестраноста на неговата уметничка личност ја докажуваат неговото богато меѓународно искуство како и голем број значајни архитектонски и урбанистички реализации.

За своите дела награден е со Сојузната награда на дневниот весник „Борба“ (1977), Октомвриската награда на Град Белград истата година, а за вкупниот опус највисокото професионално признание на Сојузот на архитекти на Србија – Големата награда за архитектура, во 1990 г. Архитект Максимовиќ бил дел од тимот кој работел на урбанистичкиот проект за обновата на центарот на Скопје во 1965 година.

 

Сава Центар

„Најзначајни објекти се Сава Центар, хотелот Интерконтинентал (Crowne Plaza), Општина Нов Белград, како и голем број станбени и други објекти кои се ремек-дела на архитектурата. Неговите дела живеат со нас и не учат како е можно со квалитетна архитектура и урбанизам да се постигнат безвременски урбани репери во просторите на градот “, се наведува во поканата.

Општина Нов Белград

хотелот Интерконтинентал (Crowne Plaza)

Посебно внимание за време на семинарот ќе биде посветено на обиколка на објектот Сава Центар, проектот и реализацијата на реконструкцијата на конгресниот центар, применетите нови технолошки решенија, материјали и деталите за изведување.

Сава Центар

Претставниците од градежната индустрија преку кратки предавања ќе ги запознаат колегите со најновите достигнувања во нивната област, карактеристиките и можностите за примена на производите. Претставниците на компаниите Mapei, Eurodom, Knauf, Aco, Alumil, Lemit и Xella ќе зборуваат за начините на реконструкција на објектот, новите материјали и можностите за нивно вградување.

Со Јосип Броз Тито и Јованка Броз пред макетата на Сава Центар

Испрати коментар

Scroll To Top