Дури 60% од вработените во Велика Британија кои работат од дома, би сакале компанијата за која работат да им финансира инсталација на систем за климатизација во домот, со цел да имаат попријатни услови за работа. Та го покажале резултатите од истражувањето кое го спровела британската компанија Andrews Air Conditioning. Во споменатото истражување, 44% од 2000 испитаници изјавиле дека им е тешко да работат од дома кога температурите се високи (во британските домаќинства клима уредите не се вообичаени како што е тоа случај во јужна и југоисточна Европа). Како гранична температура на воздухот, над која е тешко да работат, најчесто е посочена температурата над 28 ºC.
За решавање на тој проблем, голем број од испитаниците сметаат дека компанијата би требало да им вгради соодветно решение за климатизација, а 20% од нив има намера наскоро и да го побара тоа. Од друга страна, речиси половина од испитаниците сметаат дека сезоната на високи темеператури во Британија кратко трае, па во тој период е подобро да се вратат на работа во климатизираните канцеларии.