Насловна / Вести / За прв пат во управата на Saudi Aramco именувана е жена

За прв пат во управата на Saudi Aramco именувана е жена

Saudi Aramco, најголемата нафтена компанија која планира јавна емисија на акциите, именуваше нови членови на управата, вклучувајќи за прв пат и една жена меѓу извршните директори. Ова претставува пресвртница во саудиската нафтена индустрија, каде има мал број жени, пренесува Reuters.

Именувањата се планира да донесат поголемо меѓународно искуство, а во согласност со плановите на Кралството да понуди околу 5% од акциите на Saudi Aramco на меѓународниот пазар.  Сега Управниот одбор на компанијата го сочинуваат министрите за финансии и економија, како и Lynn Laverty Elsenhans, поранешен претседател и директор на американската рафинерија Sunoco Inc.

Elsenhans била на листата на  Forbes како една од најмоќните жени во 2008 година, а 28 години работела за корпорацијата  Royal Dutch Shell.

SAA

Испрати коментар

Scroll To Top