Насловна / Вести / За првпат во 150-годишното постоење, лондонското метро воведува ноќни линии

За првпат во 150-годишното постоење, лондонското метро воведува ноќни линии

Londonsko metro

Лондонската подземна железница, за првпат во својата 150-годишна историја пушта во сообраќај ноќни линии, а аналитичарите проценуваат дека овој потег ќе и донесе на економијата на градот десетици милиони фунти годишно. Ноќната услуга на лондонското метро, познато како „Tube“, е првично воведена на две линии, а од есенва ќе стартува и на други линии, со што освен од директниот финансиски приход, се очекува бенефит и од отворање на нови работни места. „Во време на економска несигурност, особено после Brexit, ова е добродојдена стимулација  за лондонската економија“, наведуваат од „London First“ и консултантите од EY, во извештајот со анализа за оправданоста од овој потег.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top