Велика Британија го помина вчерашниот ден без користење на јаглен за создавање на електрична енергија, што се случува за првпат од Индустриската револуција до денес, информира ББЦ.
Петок беше првиот ден оваа држава да не користи јаглен, откако во 1882 година во Холборн Вијадукт во Лондон беше воведен првиот централизиран генератор на јаглен. До сега најголемиот таков период траеше 19 часа.
Околу половина од електричната енергија во петок беше произведена од природен гас, четвртина од нуклеарните централи, а остатокот од силата на ветерот, биомаса и од увоз.
Британската влада планира да ги затвори сите електрани на јаглен до 2025 година, односно да ја намали емисијата на стакленички гасови.