На приватните сопственици на шуми во Хрватска ќе им бидат на располагање 92,9 милиони евра европски пари наменети за вложување во шумските подрачја и подобрување на одржливоста. Активностите ќе бидат спроведени во рамките на програмата за рурален развој до 2020 година. На сопствениците на шуми им се нуди шанска за добивање субвенции во опсег од 50-100% од сите трошоци, но не повеќе од 1 милион евра. Ова е истакнато, меѓу другото, на третата регионална конференција на сопственици на шуми од југоисточна Европа одржана на 25ти август 2015, во Загреб, во организација на Хрватскиот кластер.