Светската метеоролошка организација (WMO) дека околу 12.000 екстремни климатски настани пријавени во периодот од 1970 до 2021 година, предизвикале смрт кај повеќе од два милиони луѓе. Генералниот секретар на WMO, Petteri Taalas го споделил извештајот под името „Обединување во науката“ за климатските проемни и целите на одржливиот развој, на конференцијата за новинари во Канцеларијата на Обединетите нации во Женева. Според извештајот, имплементирани се само 15% од целите на одржливиот развој поврзани со климата. Во извештајот се истакнува дека повеќе од 90% од смртните случаи и 60% од економските загуби се случиле во економиите во развој.
Растечките глобални температури предизвикуваат екстремни временски услови. Со цел да се постигнат целите во врска со ограничувањето на порастот на глобалната температура на под два степени Целзиусови според Парискиот договор, потребно е глобалните емисии на стакленички гасови да се намалат за 30%, дондосно 45% до 2030 година. Taalas рекол дека научниот и технолошкиот напредок би можел да придонесе за постигнување на целите на одржливиот развој. Тој предупредил дека доколку борбата против климатските промени биде неуспешна, а растот на глобалните температури достигне 2,8 степени, последиците ќе бидат исклучително сериозни.