Британската современа уметница Rebecca Louise Law отсекогаш го сакала цвеќето и му посветува големо внимание. Таквата љубов и страст, исто така, ја пренела и во нејзината работа – во уметноста, каде што цвеќињата станале нејзин главен мотив и препознатливост во нејзината креативност. Најновото дело, поточно инсталацијата наречена Community, составена од висечки суви цвеќиња, кои сочинуваат чудесна целина која никого не го остава рамнодушен. За нејзината реализација биле потребни 500.000 цвеќиња, и помош од страна на локалното население. Инсталацијата може моментално да се гледа во Музејот на уметноста во Толедо во Охајо, која ќе остане отворена за публиката до 13 јануари 2019 година.
Rebecca Louise Law истакнува дека најновото дело е всушност приказ на симболичната врска меѓу луѓето и природата, каде што секоја особа може да се движи низ оваа цветна сфера, да ја цени таквата состојба и да ужива непосредно во нејзината убавина.