Насловна / Вести / За Општина Аеродром нема механизам за спречување на градбата кај Мајчин дом

За Општина Аеродром нема механизам за спречување на градбата кај Мајчин дом

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин го поддржува револтот на граѓаните за даденото Одобрение за градење за станбената зграда пред „Мајчин дом“ на која отпочнаа градежните работи. Тој вели: „Мојот став останува непроменет, зграда пред Мајчин дом не треба да има. Токму затоа, откако стапив на функција направивме интерна ревизија на планот и доставивме 13 преставки до Уставен суд, кој до ден денес нема доставено никаква одлука, ниту го стави во мирување, ниту го поништи планот. Ги поддржувам граѓаните да излезат и јасно да го кажат својот став за оваа зграда, а после протестот ги повикувам да дојдат во Општината да им ја објасниме состојбата“.

IMG_20181009_174708
Тој истакна дека ги употребиле сите правни можности, но судот сѐ уште не донел решение за ДУП-от.
Во моментов не постои друг правен механизам да се спречи градбата додека е на сила ДУП И10. Инвеститорот добил Одобрение за градење во се према важечкиот ДУП. Единствен начин во моментов е општината да го обештети инвеститорот. Градоначалникот изјави дека локацијата е купена за повеќе од два милиони евра, а во меѓувреме имал неформален разговарал со инвеститорот кој за истото земјиште побарал отштета во висина од осум милиони евра, сума која општината не може да си ја дозволи.

IMG_20181009_174643
Прашањето на Порта 3 кои се тие 13 преставки остана неодговорено. Порта 3 му посочи на градоначалникот дека за слични ситуации Општина Центар прогласи мораториом на ДУП-ови, за кој тој јавно изјави дека е против законски, но од таа општина велат дека тоа е политичка одлука. Градоначалникот потврди дека е тоа политичка одлука, но не кажа деали и Општина Аеродром размислува во тој правец.
Повторно прашан од Порта3 дали проектот предвидува и компатибилни намени предвидени со ДУП-от како што се култура и државни институции, тој одговори дека објектот ќе биде становање на катовите, а трговски единици во приземјето.
Протестот на граѓаните се одржа како што беше најавено во 17 часот, но градоначалникот не беше присутен. Реакцијата на граѓаните е задоцнета, вакви разговори и пртести се прават пред општините да ги гласаат ДУП-овите. И како и се во државата тешко нешто поминува граѓански, политиката и личниот интерес мора во се да се меша, па така за да биде лицемериото поголемо на протестот се појавија и советници на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за спорниот ДУП.

IMG_20181009_174905
Жителите на населбата се подржани и од граѓаните на другите населби бидејќи секаде проблемите со урбанизмот се слични. Граѓаните најавија дека протестот ќе продолжи и денес.

IMG_20181009_174847

IMG_20181009_174919

IMG_20181009_183309

IMG_20181009_191457

фото: Киро ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top