Батерија со капацитет од 8,6 MWh, поставена на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, го напојувала целиот стадион со одржлива енергија, во текот на натпреварот на домашниот тим Ајакс. Енергијата е корситена за рефлекторите, расветата, работата на лифтови, па дури и за апаратите за точење пиво.
Засега арената „Јохан Кројф“ не може да се пофали со најголема инсталација за „чиста“ енергија (тој рекорд го држи националниот стадион во Норвешка), но чини огромни напори сите операции во овој комплекс да бидат еколошки прифатливи. На покривот веќе с епоставени 4.200 соларни панели, а поседува и батерија за складирање на енергија со сериозен капацитет. Станува збор за половна батерија, и претставува најголем проект од таков вид во Европа, кој дава нова цел на користените батерии од електричните автомобили.