Адора Инженеринг за своите купувачи ова лето обезбеди исклучителни поволности и вредни награди за купен стан од оваа градежна компанија.
Така, купувачите на стан од Адора Инженеринг треба да уплатат 15 % учество од вредноста на станот за користење на специјален станбен кредит од Комерцијална банка. Каматата на кредитот е фиксна за првите пет години и изнесува 4,85 % годишно, кредитот се одобрува до 30 години за стан, за деловен простор до 18 години, кредитобаратели можат да бидат вработени лица и пензионери кои примаат плата и пензија преку Комерцијална банка, а корисниците на кредитот не плаќаат надомест за негово одобрување, ниту административни трошоци, во промотивниот период до 31 декември годинава.
Сите кои ќе купат стан ова лето од Адора Инженеринг ќе добијат награда – незаборавно крстарење низ Медитеранот со голем ексклузивен брод и посета на Италија, Шпанија и Франција и популарниот и забавен остров Ибица. Купувачите на елитен стан од Адора Инженеринг на гратис крстарењето ќе уживаат во втората половина на септември, со што ќе си ја продолжат летната сезона.
До крајот на 2014 година продолжува наградната игра, со која секој купувач на стан од Адора Инженеринг има можност да добие и најнов модел автомобил „ПОЛО“, за што извлекувањето ќе биде на 26 декември годинава. Купувачите на стан од оваа градежна компанија имаат можност со купување модерна гаража со 50 % попуст, да си обезбедат сигурно место за својот автомобил, заштитен од невреме, дожд, снег и крадци.
Адора Инженеринг го поддржува владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, во кој се вклопува со понудата на елитни станови во Скопје-Ново Лисиче-Аеродром и Билјанини Извори-Охрид.
Со овие и други поволности при купувањето на стан, Адора Инженеринг сака да им возврати за довербата на своите купувачи и да им овозможи на најприфатлив начин да станат сопственици на висококвалитетен дом изграден според европските стандарди, економичен стан кој заштедува потрошувачка на енергија до шест пати во објектите од високата А енергетска класа, кои се највредна, трајна инвестиција за идните поколенија.