Насловна / Архитектура / За иднината на аеродромот во Мексико на Фостер ќе се одлучува на референдум

За иднината на аеродромот во Мексико на Фостер ќе се одлучува на референдум

Норман Фостер и мексиканскиот архитекта Фернардо Ромеро пред четири години освоија прва награда на конкурсот за проект на еден од најголемите аеродроми на свет – Мексико Сити. Двете познати бироа работеа заедно на проектот на новиот аеродром во главниот град на Мексико, кој треба да се протега на 555 илјади квадратни метри. Објектот го покрива лушпеста конструкција со најголем распон од преку 100 метри. Еден терминал треба да покрива шест писти, што според зборовите на проектантите значително ќе ја намали потрошувачката на енергија.

1
Во тек на поголем дел од годината температурата ќе се одржува со природна вентилација со минимално учество на климатизација. Новиот аеродром треба да произведува енергија со помош на соларни панели.
Но во последно време најексплотираниот израз енергетска ефикасност и одржливост на објектите, не ретко е само теорија. Кога се зборува за заштеда или производство на енергија, често не се кажува цената на изградба споредбено со заштедата за која гласно се говори. Мегаломанските, спектакуларни и ексцесни проекти на архитектонските ѕвезди не ретко се неодржливи и неисплатливи.

2
Новоизбрабиот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор неодамна објави дека ќе се одржи референдум за тоа дали Владата треба да продолжи со изградбата на предложениот аеродром во Мексико Сити, чија реализација на проектот на Foster + Partners би требало да чини 13 милијарди долари. Проектот за аеродромот, чија изградба е во тек, новоизбраниот претседател го нарекол „дупка без дно“ и соопшти дека неговиот план е на населениото да му се обезбедат сите релевантни информации, на вистинит и објективен начин, како би можеле сите заедно да одлучат за тоа важно прашање за националните интереси на земјата, пишува AFP.
Министерот за сообраќак Хавиер Хименез истакнал дека на референдумот на граѓаните ќе им биде даден јасен избор: проектот продолжува или се откажува.

3
Планираниот референдум веќе предизвика негодување кај најмоќните деловни луѓе во Мексико, додека милијардерот Карлос Слим изјавил дека „укинивањето на проектот ќе доведе до укинување на економскиот развиток на земјата“.
Доколку населението изгласа продолжување на работите, Владата може да дозволи и додатни приватни финансирања во изградбата и се очекува првата фаза на аеродромот да биде отворена во 2020 година.

Испрати коментар

Scroll To Top