Насловна / Екологија / За ГМО нема криза: раст на акциите на „Монсанто“

За ГМО нема криза: раст на акциите на „Монсанто“

ap050628124526_wide-09bec0b532ce2e16373d93ff2289f1b195c3fedf
Најголемиот светски производител на генетски модифицирани семиња „Monsanto“, ја зголеми прогнозата за деловните резултати за тековната фискална година.

Прогнозите се оптимистични и покрај падот на профитот од шест проценти во третиот квартал завршен на крајот на мај, соопштија од оваа компанија. И покрај падот на профитот во периодот март-мај, вредноста на акциите на оваа американска компанија забележа силен раст, поради зголемувањето на прогнозите за годишниот резултат, како и поради најавата дека профитот во наредните пет години ќе биде двојно зголемен, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на оваа групација, се објаснува дека и покрај падот на резултатите во третиот квартал изгледите се мошне добри, а до крајот на 2019 година се очекува двојно поголем профит.

Испрати коментар

Scroll To Top