Насловна / Вести / За гасоводот на Водно ќе одлучуваат и граѓаните

За гасоводот на Водно ќе одлучуваат и граѓаните

Во одлучувањето за гасоводот на Водно ќе бидат вклучени и граѓанските организации. Владата попушти по притисокот што минатата недела го направија повеќе граѓански иницијативи, кои јавно кажаа дека бараат да бидат вклучени во работната група формирана за наоѓање прифатливо решение за гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар поради кој почна ново уништување на парк-шумата Водно.vodno

Дванаесет граѓански иницијативи од Скопје побараа да престанат градежните работи на Водно за изградба на гасоводот од Скопје до Гостивар и нивно вклучување во работната група формирана од Владата. Граѓанските иницијативи до Владата, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Град Скопје доставија четири барања со цел да се престане со континуираното уништување и деградирање на парк шумата.

Тие бараат да бидат вклучени во работната група формирана од Владата за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на гасовод, отстранување на градежната механизација од Водно, утврдување на границите на парк шума и нивно јасно обележување на терен, како и усогласување на статусот на заштита со тековниот Закон за заштита на природата.

Од граѓанските иницијативи, предводени од „Спас за Водно“, кои побараа вклучување во работната група, велат Владата им одговорила непосредно кога го поднеле барањето минатата недела, но во одговорот не стоело дека тие ќе бидат дел од работната група.

„Во одговорот на нашето барање од Владата стои дека го ценат нашето мислење и дека се подготвени да ги чујат нашите ставови. Бараат лице за контакт со нашата иницијатива, но вклучување во работната група не е спомнато“, велат од иницијативата „Спас за Водно“.

Заедно со нив се и „О2 коалиција“, „Стоп на загадувањето“, „Ние сме Карпош 4“, „Воздух сега!“, „Спас за Кисела Вода“, „Скопје смог аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Граѓанска група Карпош 3“ и „Зелено Тафталиџе“. Тие се обединети во барањата итно да бидат вклучени во работната група за гасоводот на Водно, бараат отстранување на градежната механизација за изведба на гасоводот од пар-шумата, утврдување на границите на парк-шумата и нивно јасно обележување и неодложно усогласување на статусот на заштита на Водно со тековниот Закон за заштита на природата.

Тие се организираа кога пред четири недели в зори на Водно се искачија четири багери и почнаа да го рамнат теренот за изградба на гасоводот. Работите се стопирани кога планинарите алармираа за новото уништување на парк-шумата. Во меѓувреме Владата донесе заклучок за формирање на работната група, а од АД „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) кое е дел од неа, за „Макфакс“ изјавија дека менување на трасата за гасоводот би бил прескап зафат, кој воедно би ја одложил изградбата за неколку години. Од МЕР најавија дека нивен предлог за намалување на уништувањето на зеленилото на Водно ќе биде стеснување на трасата.

 

Еден коментар

  1. tome velkovski

    Sekako deka treba da se vrati,koj go simna i kade se bukvite.Ocigledno deka tie sto go simaa natpisot bea ,,tase simnati,,od planina i se sto bese gradsko i spomen na Skopje go simnaa,sokrija i zapustea bez ronka oset cisti primitivci.

Испрати коментар

Scroll To Top