Насловна / Градежништво / За да има залез, мора да има изгрев

За да има залез, мора да има изгрев

Катастрофа во Скопје, земјотрес, рушевини. Градот се обновува, помага цел свет, мајстори. Скромно гради и македонскиот мајстор.

Наскоро скромноста станува минато, тој порасна. Почнува да шета низ светот, проектира, гради, од исток до запад, од југ до север. Гради низ Европа, Азија, Африка, во над триесет градови. Од Олимпиското село во Минхен и железарницата во Кладно (Чехословачка), преку Алжир, Багдад до Астрахан, па назад до Варшава. Создава, го почитуваат, повторно го повикуваат, македонскиот градител. Понекаде улиците се нарекуваат „Македонска“, а објектите „Македонски дом“.soci_zapoljarie

Олимписко Сочи – денес

За да има залез, мора да има изгрев. Мајсторот помни. Во композицијата на Олимписко Сочи пред 30 години се проектирани и изградени објектите на комплексот „Заполарје“, а потоа продолжи со аеродромот, хотелот „Радуга“ и станбено-деловни објекти.

На брегот на Црното Море, во градот Дагомис и денес хотелскиот комплекс на „Интурист“ доминира со ѕвездички како на небо, со 2.500 места, објекти на плажа, сложени содржини, инфраструктура. Реализиран од ГП „Маврово“ со здружени градежници од Југославија.

 nanti_mansisk_1

Болнички комплекс – Ханти Мансиск

dagomis_3

Дагомис

Градот Нижњи Новгород, на устието на реката Ока во Волга, води пошироки од нашите езера. Непрегледна рамнина, острови, манастири, мостови, пристаништа. Стар град од средниот век, кога луѓето изградиле Јармарка (саем), трговија помеѓу два континента. Комплекс во кој се комуницира по водни канали, мала Венеција. Проектираме ревитализација, осовременување и доградби. Нашите проектанти реализираат сложен, суптилен проект кој се реализира во долг период.

dagomis_2

Создадена е афирмација, сериозна доверба. Се проектираат и градат и други објекти во Нижњи Новгород кои се нарекуваат „Македонски дом“.

Makedonski dom image052a

Одиме на уште една голема река, овој пат во Украина, на Дњепар, во гардот Запорожје, кај Козаците.

Транзиција нема. Сухој закон има, вотка тешко се наоѓа, да не се претерува. Ама се гради. Македонските мајстори веќе се со сериозен углед. Прво идејни проекти за три станбени реони, здравствен центар и хотел. Една година студии, проекти, понуда за градба. Преговарано, договорено 275 милиони долари, рокови за реализација три години. Македонските градежници се обединуваат – „Маврово“, „Гранит“, „Бетон“ и ЕМО.

Во Запорожје се создава мала македонска колонија. Украинците велат дека нашиот јазик им бил близок, лесно се разбираме. Градбите се реализираат на заемно задоволство. Има и свадби. Кафанско дружење колку сакаш, муабети, спорт, што е поздраво вотка или ракија, политика. Нормално, транзицијата пристигнува, ги „описменува“ и мајсторите и домаќините.

0_Page_08

Ги цитирам двете страни:

–       Што е транзиција – нов светски поредок, комета со жестока трага.

–       Треба ли да се срамиме од Југославија.

–       Не постојат експлоатирани класи, постојат експлоатирани народи и народи експлоататори.

–       Зошто парите не пристигнувале во Скопје, па да не ни се осамостои утре.

inkombank_moskva_1

„Инкобанк“ – Москва

Транзицијата шета, пари нема. Мајсторите изградија 1/3 од договореното и заминаа дома, понекој со русокоса убавица за рака. Некои останаа, децата ќе одат во школо.

moskva_1

Станбено-деловен објект – Москва

На реката Том, во Ново Кузњецк „Гранит“ гради железарница. Југозападен Сибир, се бетонира и на -30°С. И Јелцин фрли некоја лопата, македонска работа. Дружење, се разбираме, они малку македонски, ние руски. Договорена работа за 77 милиони долари. Се гради, ама „тајкунизацијата“ пристигна и во Сибир, нов светски поредок, патот на парите само Господ ги знае. Мајсторите си одат со недовршени градби. Големиот брат се потсмевнува.100_0520

Станбена зграда – Астрахам

Сепак, продолжуваат да градат и проектираат. Истиот мајстор и истите фирми во Москва, Тула, Доњецк, Талин. Само сега газдите се нови, наши луѓе, само живеат во Виена, Франкфурт, Милано, а ги има и на Крит.

Во Тула „Маврово“ изгради банка со учебно-рекреативен и здравствен центар. Мајсторите веќе знаат кој е Пушкин, ја посетуваат Јасна полјана, гробот на Тостој и го рецитираат Рацин.

 spartplaza01

Деловен објект – Лужник, Москва

Во Доњецк гради „Пелагонија“, а во Москва „Бетон“. Во Москва е проектиран и изграден станбено-деловен објект на „Булеварно каљцо“ и станбен објект на „Садовоје каљцо“, да се разубави центарот на градот и врати долгот кон руските архитекти кои го разубавуваа Скопје на почетокот на XX век.

 Во близина на Кремљ е реализиран објект на „Инкомбанк“ во барок. Мајсторот, кој веќе игра валцер и рокенрол, вели дека гради во „рок-бар“. Затоа во Скопје она „рок“ го менува со видни имиња.

 006a

Деловен објект – Ловов

Експирементот во Југославија успева. Го нема ни Советскиот Сојуз. А сè што беше наше стана нечие. Личниот интерес е најважен. Сега не градиме „под клуч“. Само проектираме, градиме по фази, во рамки на новиот светски поредок, односно со дефинираната лична сопственост полека влегуваме во XXI век.

Јелцин го бомбардира Белиот дом (Врховниот совет – Парламент), ние го проектираме музејот во Ханти Мансиск, Сибир, поларен круг.

Мајсторите градат низ Москва – доградба на аеродромот Внуково, трговски центар и станбено-деловен комплекс во Астрахан, банка со трговски центар во Оренбург.

orenburg_2

Банка и трговски центар – Оренбург

Меѓу столетијата, градежните фирми под новите „бизнисмени“ стануваат придружнички на џуџињата на Снежана или ги снемува. „Бизнисмените“ и „менаџерите“ од сработеното на мајсторите присвојуваат преку 20%. Барем да ги вложуваа дома, да ја одржат силата. Парите отидоа на Запад, на море, мајсторите без работа, полека ги снемува, транзиција во безличност. Наследеното го обесмисливме. Извезувавме креативност, технологија, организираност. Потчинети сме без оружје. Дали е странска инвестиција ако некој ти даде да му проектираш и градиш. Обврската од проект до изграден објект не се презема. Градежни фирми со над 10.000 вработени се ретки, исто и со 1.000 вработени. И проектанти од 400 се ретки, и со 40 вработени. Големиот брат нè охрабрува, продолжете. Со здружени напори се проектирани објекти во Москва и Лавов, Украина. Проектите ги реализираат руските или украинските фирми.ukraina A copy

Станбена зграда – Лавов

Со чудни посредници, по некој од мајсторите со договори за работен саат се сретнуваат од Украина преку Сибир до Казахстан.

Угледот постар од половина век е минато, мајсторите се реткост. И дома ни градат странци, мајсторот е само подизведувач, на проектите удираме печати. Сонцето зајде. Нашите „бизнисмени“ и „мецени“ заминаа на Флорида, Големиот брат се насмевнува, нè охрабрува да продолжиме. До каде и до кога?

Пишува: Радован Раѓеновиќ, архитект

Испрати коментар

Scroll To Top