Вилата е изградена во 19 век, поточно во 1881 година, и целосно е реставрирана во една ексклузивна некретнина која денес можат да угости до 14 луѓе. Во 500 квадратни метри има се што е потребно за целосна релаксација и удобност.
Едноставно, сместена на живописен рид над Будимпешта, оваа вила е сон на секој гостин кој е во потрага по мир и инспирација.
На гостите им се на располагање шест спални соби, две работни соби, три соби за дневен престој и застаклена зимска градина. Градината била надоградена во 1913 година, а за проектот бил ангажиран познатиот унгарски стаклар Микса Рот. Во вилата има дел од оригиналниот мебел, додека за остатокот од ентериерот одговорен е дизајнерскиот тим од групацијата Brody.
Во текот на летото може да се ужива во отворената градина која се протега до импресивни 300 метри квадратни. Во срцето на оваа зелена оаза се наоѓа и раскошен базен, а под камените столбови се крие џакузи.