Насловна / Вести / За 50 отсто поевтинуваат услугите на Катастарот

За 50 отсто поевтинуваат услугите на Катастарот

Ќе се намалат цените на услугите на Катастарот на недвижности за 50 отсто, најави денеска министерот за траснпорт и врски, Горан Сугарески по средбата со директорот на Агенцијата за катастар и со Комората на приватни геодети.

– Во изминатиов период во рамки на редовните средби со граѓаните како надлежно Министерство нотиравме одредени проблеми со кои граѓаните се соочуваат при остварувањето на нивните имотни права и користењето на некои услуги од нашиот сектор. Констатиравме дека е потребно зголемена ефикасност во работењето и во брзината на давањето на услугите што ќе биде во функција на квалитетно, навремено и ефикасно сервисирање на потребите на граѓаните и институциите – изјави на прес конференција министерот за транаспорт и врски Горан Сугарески, кој додаде дека ова е реализирање уште едно предизборно ветување на новата Влада.катастар

На денешната средба е договорено враќање на дел од овластувањата на приватните геодетски фирми, односно наместо Агенцијата за катастар да го има екслузивното право за вршење на теренски работи за потребите на сите општини, за подобра услуга и пракса, е договорено геодетските фирми кои ги исполнуваат условите и тие да можат да ги извршуваат овие дејствија.

– Ние сме убедени дека со ваквиот пристап ќе ја вратиме конкуренцијата што дополнително ќе го унапреди квалитетот на услугите. Се согласивме дека долната граница на цените на услугите да остане регулирана како и до сега, додека горната граница ќе биде усогласена со пазарните услови. Наша цел е во иднина да се зголемат по потреба таму каде што треба превентивните мерки, а не казните, што беше одлика на претходната власт. Нема да бидеме страховлада, туку ќе бидеме сервис на граѓаните и мотор на економскиот развој – рече Сугарески.

Испрати коментар

Scroll To Top