Насловна / Вести / За 400 милиони евра Амстердам ќе се грее на отпад

За 400 милиони евра Амстердам ќе се грее на отпад

Шведската енергетска компанија Vatenfall и компанијата за преработка на отпад  AEB Amsterdam склопија партнерство за унапредување на системот на далечинско централно греење во холандската престолнина, проект вреден 400 милиони евра.

Жителите на Амстердам во моментот се грејат на природен гас од електраната Diemen, и од отпад, а крајната цел на новосклучениот договор е амстердамската топлификациска мрежа целосно да се ослободи од фосилните горива. Почетокот на изградбата на новата топлана е најавена за јули 2019.

Директорот на компанијата Vatenfall во Холандија, изрази желба нивното снадбување да биде ослободено од фосилни горива, и до 2040 година да достигне нула емисија на јаглерод диоксид.

amst1

amst2

amst3

Bronvermelding "Foto: Nuon/Jorrit Lousberg" bij publicatie verplicht.

Испрати коментар

Scroll To Top