Еколошката група Earth Island Institute поднесе тужба против големи и светски познати компании кои се сметаат за загадувачи на животната средина и кои јавноста ја заведуваат во однос на тоа колку пластика рециклираат.
Така, од одговорните компании се бара да ја преземат одговорноста за загадувањето на океанот со „гушење на пластичниот екосистем“ и да престанат да нудат полу-информации за јавноста да мисли дека за околината се грижат доволно.
Во соопштението се вели дека до 2050 година во морињата и окоеаните ќе има повеќе пластика од риби, а одговорни, велат еколозите, се пред сè најзначајните компании кои ја водат индустријата за пластично пакување. Ова е прва тужба од ваков вид и се очекува да открие колку малку пластика се рециклира, пренесува PC Press.