Насловна / Арт и дизајн / За 250 долари MSCHF ќе ви продаде оригинален лажен Енди Ворхол

За 250 долари MSCHF ќе ви продаде оригинален лажен Енди Ворхол

Сендвичи од Chick-Fil, мечеви и Мики Маус; звучи забавно, но за уметничкиот колектив MSCHF, тоа е секојдневна работа. Дословно. Затоа што енигматичниот колектив од Бруклин секоја недела ја започнува со провокација насочена кон посткапиталистичката монотонија, пишува High Snobiety.

Минатата недела MSCHF, преку Музејот на фалсификати се посвети на пазарот на уметност.

ан2_resize

Го купиле оригиналниот цртеж на Енди Ворхол „Fairies, 1954“ (Vile) и направиле 999 совршени копии со помош на компјутер, на идентична хартија и со идентично мастило, а потоа ги избришале сите докази и го измешале оригиналот со копиите. Така на пазарот се појавиле 1.000 примероци од уметничкото дело под име „Ова можеби е оригиналната копија на Vile на Енди Ворхол“.

Цената е 250 долари, а копии може да се најдат на веб-страницата на Музејот на фалсификати на MSCHF. Но, работата е во тоа што еден од тие 1.000 луѓе на крајот сепак ќе добие оригинал од 20.000 евра.

ан3_resize

И самиот Ворхол ја доведувал во прашање ексклузивноста на уметноста. MSCHF потсетува дека творештвото на Ворхол било како фабрика која исфрла производи како на лента. Зар не е соодветно едно негово дело да им служи на MSCHF за нивната игра?

Интересно е што, уметничкиот колектив се одлучил за дело кое Ворхол го нацртал, наместо за некои од неговите поп-арт дела изработени со сито печат.

Намерата на MSCHF е повеќекратна, но видливо е, смета критиката, дека ја покажува често непромислената конзумација на уметност и арбитрирана вредност која богатите ја припишуваат на уметничките дела.

„Уметничкиот свет кој моментално доминира повеќе е загрижен поради автентичноста на одредено дело отколку за неговата уметничка вредност. На овој начин ја уништивме вербата во можноста да се потврди автентичноста на делото, ја сокривме иглата во сено.“

Во секој случај би било интересно да се види што би имал да каже самиот Ворхол.

ан_resize

Испрати коментар

Scroll To Top