Во септември годинава се издадени 316 одобренија за градење, што е за 19,7 проценти повеќе во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.182.150.000 денари, што е за 6,2 проценти повеќе споредено со септември минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 186 (58,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15,8 проценти) од нискоградба и 80 (25,3 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 316 објекти, кај 189 (59,8 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 127 (40,2 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови, со вкупна корисна површина од 35.189 метри квадратни.