Насловна / Архитектура / За 120-тиот роденден: Harley-Davidson гради амфитеатар за мото собири

За 120-тиот роденден: Harley-Davidson гради амфитеатар за мото собири

Прославената британска архитектонска фирма Heatherwick Studio го претстави проектот на амфитеатр покрај седиштето на познатиот производител на мотори Harley-Davidson во Милвоки. Harley-Davidson оваа година слави 120 години од своето постоење. Овој момент е искористен за да и даде на компанијата сосема ново руво.

Првиот чекор за промена на изгледот на фабриката е изградба на парк, кој ќе биде изграден на местото на сегашниот паркинг. Тоа ќе биде уреден амфитеатар, кој ќе се користи за мото собири, до 700 мотори и концерти.

2

„Размислувавме голем дел од овој паркинг да го претвориме во јавен парк, без ограда околу него. Така дојдовме до идејата да создадеме интересно место за сите оние кои сакаат да го видат местото каде заживеа оваа неверојатна, светски позната организација“, изјави за Dezeen, Thomas Heatherwick, основач на студиото Heatherwick.

Проектот предвидува паркот да содржи 20 видови дрвја и 120 различни растителни видови… и сите модели на Harley.

1

Во центарот на паркот ќе има денивелиран амфитеатар широк 83 метри за организирање на различни настани. Ќе биде опкружен со седишта распоредени во круг и ќе содржи пристапни рампи за мотори.

Планирано е амфитеатарот да биде изграден од десет видови локални тули и челик отпорни на различни временски услови.

3

Не само уште еден парк

Проектот е нарачан од извршниот директор на Harley-Davidson, Jochen Zeitz, кој претходно го ангажирал бирото Heatherwick за проектот за современа уметност Zeitz во Кејптаун.

„Сакам ова да биде место каде луѓето сакаат да дојдат, а не само уште еден парк. Го пренаменуваме просторот за да го направиме поинклузивен за целата заедница, како за нашите клиенти, така и за сите заинтересирани за Harley-Davidson.“, рече Jochen Zeitz.

4

Отворање во 2024 година

Паркот, кој ќе биде отворен во 2024 година, ја претставува првата фаза од реновирањето на целото седиште на Harley-Davidson, на местото каде што компанијата е основана во далечната 1903 година.

„Започнуваме со повеќефазен пристап за да создадеме поголема релевантност, а првото нешто што се појави беше потребата од простор за состаноци што е достапен за секого, и оттаму дојде идејата за зелени површини. Беше неопходно да дефинираme што може да се постави како прв важен чекор кон создавање на вистински инклузивен простор за секого“, додаде Zeitz.

Испрати коментар

Scroll To Top