Професорот Сабахудин Вртагиќ и учениците од Меѓународното училиште во Сараево развиле автомобил на соларен погон. Добро познатото Yugo 45 е вешто преуредено, направени се измени на каросеријата и зголемена е должината за скоро еден метар. Aвтомобилот е двосед бидејќи задниот дел се користи за соларните панели, чија моќност од 175 W (две парчиња) и напон од 12 V се користат за полнење на акумулаторот. Спецификацијата на автомобилот е: 13 kW мотор DC со четкици (80 V), но моментално работи на 48 V поради што моќноста на моторот е 6 kW.
„Освен механичките стандардни брзини 12345 + R, автомобилот има и две електробрзини“, објаснува професорот. На прашањето како реагираат учениците и студентите кога ќе го видат овој автомобил во движење, Вртагиќ одговара дека многумина се изненадени бидејќи не навикнале автомобилот да „не се слуша“.