Современата уметност станува се повеќе популарна меѓу луѓето кои ја ценат иновативноста и креативноста, и веќе не е необично што таквите дела постигнуваат цени кои се резервирани само за дела со класична конотација.
Познатата уметничка публикација и портал Artnet неколку пати годишно објавува различни листи на кои се рангираат уметници по успешноста, а последната во серијата се однесува на живи уметници чии дела постигнале највисоки цени.
На прво место се најде јапонската авторка Yayoi Kusama, за чија работа карактеристични се шарените точки. Нејзиното дело White No. 28 од 1960 година, на аукција на аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк достигна цена од дури 7,3 милиони долари.
Покрај Kusama, на листата се наоѓаат и имињата како Cindy Sherman, Bridget Riley, Marlene Dumas, Cecily Brown, Julie Mehretu, Jenny Saville и Elizabeth Peyton. Овој распоред не е изненадување кога ќе се земе предвид огромното влијание коешто Yayoi Kusama го има на современата уметност, но и врз модата, остварувајќи бројни соработки со модни брендови, како што се Луј Витон и X-Girl.